Зошто се слатки фотелјите во ФФМ? Лани федерацијата потрошила рекордни 15,7 милиони евра (ФОТО)

by
3 минути читање

ФФМ одбиваше да го прилагоди статутот со законот за спорт во Македонија, наместо клубовите да бираат кој ќе го води фудбалот, остана традиционалниот начин на избор со делегати од општинските фудбалски сојузи, начин посакуван од сите досегашни претседатели.

А зошто тешко се напуштаат фотелјите на фудбалската федерација ќе може да се види од финансискиот извештај на ФФМ за изминатата година до кој дојде „Спорт1“.

Во време на пандемија може да има кризи во клубовите, но не и во фудбалските федерации. ФФМ во изминатата година имаше рекордни приходи и расходи. Тоа се должи пред се на пласманот на Македонија на Европското првенство кој во касата донесе 9,25 милиони евра од УЕФА, пари од кои скандалозно се почасти и раководството на ФФМ со премија од по 20.000 евра по човек.

Финансискиот извештај на ФФМ вели дека вкупните приходи за минатата година се се 1.332.799.332 денари (21,6 милиони евра), од кои најголемиот дел се од УЕФА и ФИФА, вкупно 1.123.931.878 денари (18,2 милиони евра) пристигнати по четири основи, девизни приходи, хет-трк програма (развојна иневестициска програма), солидарна шема и донации. Три милиони евра се пренесени од претходната 2019 година или точно 183.172.100 (2,97 милиони евра), остатокот се приходи од ТВ права (5.295.770 денари), приходи од стручни служби и комисии (11.073.793 денари) и спонзорства и донации од 4.415.560 односно само 71.000 евра што покажува дека вработените во федерацијата не успеале да привлечат спонзори и порај тоа што го водат најпопуларниот спорт во година кога направивме историски успех, пласман на ЕП.

Изминатата година ФФМ потрошила 965.762.420 денари (15,7 милиони евра), останат е вишок од 366.79.95 денари (5,9 милиони евра) кои се префрлаат за оваа година. Од потрошените пари, 237.902.456 денари (3,8 милиони евра) се за одржување и организација на натпревари, тука спаѓаат трошоците за органиизација на натпреварите на сите национални селекции (сместување, превоз, повици, преми…) како и натпреварите во домашното првенство. Во оваа ставка спаѓа и премијата за фудбалерите, стручниот штаб, и останатиот персонал во репрезентациијата за пласманот на Европското првенство која изнесува 3,2 милиони евра.

Втора најголема ставка се трошоците за клубовите од УЕФА 202.785.423 денари (3,2 милиони евра), за инвестиции се потрошени 182.548.447 денари од кои 159.594.785 (2,5 милиони евра) се за игралишта.

За режиски трошоци во ФФМ се потрошени 85.371.614 денари (1,3 милиони евра), тука спаѓаат бруто плати, регрес. За исплати на стручна служба е 78.270.370 (1,2 милиони евра), за договори за повремени работи како надворешнии соработници и селектори се потрошени 109.508.448 денари (1,7 милиони евра) во оваа сума веројатно се влезени и делот од премиите за стручниот штаб и помошниот персонал во репрезентацијата.

Извор: Спорт1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани