Идниот четврток
Португалија гостува кај Полска во рамките на Лигата на Нации, исто како и во
победата против Италија на домашен терен (1-0), така ќе биде и за дуелот кој
претстои, Роналдо ќе го нема во составот.
Селекторот на Португалија,
Фернандо Сантош инсистира на тоа дека Роналдо не е во составот поради договорот
кој го постигнале, но, целосно верува дека ѕвездата на Јувентус е невин во
случајот поврзан со него, односно обвинението кон него за силување.
„Прво би сакал да
истакнам дека во целост ги поддржувам моите фудбалери“ рече Сантош не
пресконференцијата пред медиумите.
„Како и да е, ова
не е прашање за солидарност, едноставно е, верувам во тоа што Роналдо го кажа
јавно, тој се декларираше како невин, и јас верувам во неговите зборови“ додава тој.
„Го знам Роналдо
многу добро, поради таа причина јас верувам во тоа што тој го кажа, тоа дека не
е во составот на нашата репрезентација е одлука донесена заедно со него,
одлучивме да не биде повикуван за двете наредни интернационални паузи, ова е
првата“ заклучи Сантош.