Зошто најголемиот дел од Англија ќе навива за Арсенал, а не за Челси во финалето од ЛЕ?

by
1 минути читање

Во недела во Англија се игра последното коло од Премиерлигата, познато е кои четири екипи обезбедија пласман во Лигата на шампионите преку лигата, Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и Тотнем. 

Треба да се случи чудо за Арсенал да го симне Тотнем од четвртото место. Тотнем да загуби на свој терен од Евертон, Арсенал да го победи Барнли со што ќе се изедначи бодовно со соседот, но треба и за осум голови да ја подобри гол разликата во однос на Тотнем. Тоа е тешко за верување.

Под претпоставка дека нема да се случи такво чудо, Англија идната сезона во Лигата на шампионите може да има пет екипи само ако Арсенал ја освои Лига Европа.

Според правилата на УЕФА, освојувачот на Лига Европа идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, но ако е веќе пласиран преку домашната лига, не го отстапува местото на следниот во лигата.

Тоа значи дека ако Челси ја освои Лига Европа, нема ништо да се промени, Англија наредната сезона ќе има четири екипи во Лигата на шампионите, но ако Арсенал победи, тој ќе игра во елитата иако ќе заврши на петтото место во Премиерлигата.

Англичаните ако сакаат наредната сезона да бидат претставувани од пет екипи во Лигата на шампионите ќе треба да навиваат за Арсенал, а не за Челси во финалето од Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани