Зошто Манчестер Сити сака да гради тренинг центар во Лондон?

by
1 минути читање

Манчестер Сити во
2014 отвори ултра модерен тренинг центар во близина на Етихад Стадионот за кој
беа потрошени помеѓу 150 и 200 милиони фунти.

„Граѓаните“ сега
планираат да изградат мини реплика на овој комплекс, но преку 300 километри подалеку
од својот дом, поточно во Лондон.

Според пишувањата
на „Сан“, Манчестер Сити сака да има база кога ќе гостува на југот на Англија и
наместо да престојува во хотел, ќе биде смесен во својот комплекс каде Пеп
Гвардиола и неговите избраници ќе имаат и игралиште на располагање. „Граѓаните“
сметаат дека на овој начин ќе можат подобро да се подготват за мечевите и ќе
имаат дополнителна предност.

Во моментов, дури
шест ривали се од Лондон (Челси, Арсенал, Тотенхем, Вест Хем, Кристал Палас,
Фулам), а на оваа листа треба да се придодаде и Ватфорд бидејќи се работи за
клуб од предградието на Лондон.

На југот уште се
наоѓаат и Саутемптон, Борнмут и Брајтон, со што се доаѓа до бројката од 10
клубови, односно половина Премиерлига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани