Кога го договарал трансферот во Манчестер Сити, бразилскиот фудбалер потенцирал дека сака да го носи дресот со број 33.
„Тоа е број кој го носам откако станав професионалец, навистина ми се допаѓа и сакам да го носам уште многу години“ – тоа е официјалното објаснување на Жесус за сајтот на Манчестер Сити откако пристигна во клубот.
Но, спортскиот новинар на Телеграф, Хенри Винтер има друго објаснување. Габриел Жесус е многу религиозно момче и неговиот избор на дресот е поврзан со тоа.
„Габриел Жесус е многу религиозен. Ја одбра 33. во Манчестер Сити поради религиозното значење на бројот (Годините на Исус кога бил распнат на крстот)“ – смета Хенри Винтер.
Gabriel Jesus very religious. Chose 33 at #mcfc because of the religious significance of the number (Jesus’ age when he died on the cross).
— Henry Winter (@henrywinter) February 1, 2017