Зоран Мамиќ си поднесе оставка од кормилото на Динамо Загреб, ја прифаќа затворската казна

by
1 минути читање

Врховниот суд денеска ја потврди затворската казна за Зоран Мамиќ кој четири години и осум месеци ќе треба да помине зад решетки.

Брзо по одлуката на судот тој си поднесе оставка од тренерската позиција во Динамо Загреб.

„Иако не се чувствувам виновен, како што веќе имам кажано и претходно, ако пресудата биде правосилна јас ја прифаќам како таква и поднесувам оставка од местото главен тренер и спортски директор на Динамо. На клубот му посакувам многу среќа и спортски успеси во понатамошната работа“, изјави Мамиќ.

Управата на клубот ја прифати неговата оставка, прв тренер на тимот сега ќе биде досегашниот помошник на Мамиќ, Дамир Крзнар.

И во 2015 година додека Мамиќ беше во притвор, Крзнар го водеше тимот.

Денеска правосилна стана затворската казна и за братот на Зоран, Здравко Мамиќ кој беше прв човек на Динамо Загреб, но тој уште пред три години ја напушти Хрватска и избега во БиХ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани