90
Атлетико Мадрид полесно од очекувањата се справи со Бетис, а четвртиот најскап фудбалер во светот конечно даде гол по осум месеци пауза.
Резултатот го отвори Караско во 26. минута, а благодарение на автогол во 63. минута Атлетико Мадрид зголеми на 2-0.
На десет минути до крајот Жоао Феликс ги постави конечните 3-0.
Со овие три бода Атлетико Мадрид се качи на четвртото место со два бода зад Реал Мадрид, Севља и Реал Сосиедад.