Златко Далиќ стана убедливо најплатениот хрватски тренер во историјата

by Стефан
1 минути читање

По девет години поминати на селекторската функција на Хрватска, Златко Далиќ започнува ново поглавје во својата тренерска кариера. Искусниот стратег денеска и официјално беше потврден за нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати.

Далиќ договорот со Фудбалскиот сојуз на ОАЕ го постигна пред неколку дена, а денеска неговиот ангажман доби и официјална потврда.

За хрватскиот тренер ова не е непозната средина. Далиќ веќе работеше во ОАЕ како тренер на Ал-Аин, со кој успеа да оствари одлични резултати. Сега повторно се враќа во земјата, но овојпат со многу поголема одговорност како селектор на националниот тим.

Покрај новиот предизвик, Далиќ добива и фантастични финансиски услови. Според договорот, тој ќе заработува пет милиони евра годишно, без дополнителните бонуси, со што ќе стане убедливо најплатениот хрватски тренер во историјата.

Неговата годишна плата ќе биде речиси трипати поголема од онаа што ја заработуваше како селектор на Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×