156
Иако се велеше дека не е среќен во Челси поради малата минутажа и сака да си замине, сепак Жиру се предомисли и останува во Челси.
Французинот ја искористи повредата на Абрахам и имаше серија импресивни партии по што Челси одлучи да му го продолжи договорот за уште една сезона.
„Среќен сум што ќе ја продолжам мојата авантура во Челси“, вели Жиру за клупскиот веб сајт.
„Не можам да дочекам да продолжам да играм и да уживам во фудбалот со моите соиграчи. Особено сакам да го носам дресот на Челси пред нашите фанови на полн Стемфорд Бриџ кога ќе биде безбедно за тоа“.
Покрај на Жиру, Челси го продолжи договорот и на голманот Вили Кабалеро. Но уште не е решена иднината на Вилијан и Педро.