Зидан подготвува револуција во репрезентацијата на Франција, ќе има огромни промени

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Франција веќе шпекулираат за промените кои ќе дојдат со Зинедин Зидан на кормилото на „триколорите“, легендата на Французите сака да воведе сосема нов модел на работа.

Зинедин Зидан подолго време се најавува како нов селектор на Франција, и се верува дека официјалното соопштение ќе пристигне во скоро време.

Како што пренесува РМЦ Спорт, популарниот Зизу планира целосно да го промени начинот на функционирањето на репрезентацијата.

Тој подготвува револуција, односно голема реорганизација и имплементација на нов модел на работа, со стручен штаб кој би броел повеќе од 25 членови, нешто што досега никогаш не се случило во историјата на „триколорите“.

Посебен акцент ќе се стави на анализата на перформансите и употребата на статистичките податоци, па затоа планира дополнително да го засили тимот задолжен за анализа.

Зинедин Зидан исто така сака својот стручен штаб да има и повеќе жени, особено на специјализирани функции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×