245
Зинедин Зидан имал контакт со човек кој имал коронавирус и од таа причина е во изолација и не го водел денешниот тренинг на Реал Мадрид.
Тој е во перфектна состојба но според протоколот мора да биде во изолација и во меѓувреме да направи ПЦР тест.
Доколку биде негативен, Ла Лига потоа ќе одлучи дали ќе му даде зелено светло на Зидан да го води тимот на гостувањето кај Осасуна, или ќе биде потребно уште некој ден да остане во изолација.