137
Зинедин Зидан дозволил Лука Јовиќ да оди на позајмица, тој не смета на српскиот напаѓач кој не се снајде најдобро во Реал Мадрид.
Три клуба од Серија А го посакуваат Јовиќ, Рома, Интер и Милан се во трка по неговиот потпис.
Реал Мадрид има само едно барање, Јовиќ да го одбере тимот каде што ќе игра најмногу.
Со Рома веќе беа почнати преговорите, но во меѓувреме во трка се вклучија Интер и Милан. На Реал Мадрид не му е многу важно кој ќе понуди најмногу пари, туку кој ќе понуди најмногу минути на теренот за Јовиќ со цел напаѓачот да се развива, бидејќи долгорочно тие сметаат на него.