Жоао Феликс избра необичен број во Милан

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот гигант Жоао Феликс и официјално е нов фудбалер на Милан.

Се преговараше и за целосен откуп, но на крајот Милан и Челси договорија позајмица до лето, а за потенцијален перманентен трансфер ќе има нови преговори на лето.

Феликс во Милано пристигна доцна синоќа, а утрово беше промовиран во клупските простории. Во Милан тој го избра дресот со број 79 кој претходно го носеше Франк Кеси.

Покрај Феликс, Милан во овој преоден рок ги доведе уште Кајл Вокер од Манчестер сити, Сантиаго Хименез од Феенорд, Варен Бондо од Монца и Рикардо Сотил од Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани