Утре треба да се игра големото дерби меѓу Милан и Јувентус во Серија А, но неизвесно е дали мечот ќе се одржи поради позитивните случаи на ковид-19 кои се јавуваат во Јувентус.
Синоќа Алекс Сандро беше позитивен на ковид-19, денеска е Хуан Квадрадо.
Јувентус остана во својот хотел и по утрешните резултати од последните тестови треба да се упати кон Милано, но може да добие и забрана за патување па мечот да се одложи.
„Јувентус не информираше дека двајца од тестираните фудбалери се позитивни“, изјави доктор Роберто Тести, директор на Департменот за превенција во Торино.
„Во моментов ги немаме потребните докази за да кажеме дека има жариште во составот бидејќи знаеме како двајцата фудбалери се заразиле и зошто другите се негативни“.
„Но ако од денешните тестови има повеќе позитивни тестови и доказ дека вирусот се шири низ составот, тоа ќе биде проблем за безбедноста на другите играчи“.
„Јасно е дека во еден таков случај ќе бидеме принудени да интервенираме, да ги изолираме сите и да го блокираме патувањето на Јувентус во Милано“.