Затоа сакаат по секоја цена да се игра фудбалот, Ла Лига откри колку милиони можат да загубат клубовите поради коронавирусот

by
2 минути читање

Коронавирусот
зема се поголем замав, се откажуваат многу настани, но одредени институции инсистираат
да се игра фудбал. Првиот компромис беше без публика, но некои земји кога видоа
дека ова не е решение, одлучија да ја суспендираат сезоната (Италија и Шпанија
се од топ 5 првенствата во Европа).

УЕФА се уште нема
повлечено потег, Лигата на шампиони и Лига Европа си продолжуваат, а нема абер
ниту за одложување на бараж натпреварите за ЕВРО 2020, како и самото Европско првенство
(последните информации велат дека одлуката ќе биде донесена во вторник).

Откако денеска
беше донесена одлука да бидат суспендирани следните две кола во Примера и
Секунда, попладнево Ла Лига излезе со проценка колкави можат да бидат штетите,
и овој извештај јасно покажува зошто по секоја цена се притиска сезоните да
продолжат (Ла Лига се противеше на сусепнзија и настојуваше да се игра фудбал пред празни трибини).

Ла Лига
пресметала дека клубовите од Примера и Секунда ќе останат покуси за речиси 700
милиони евра доколку сезоната биде прекината и не го дочека крајот.

Клубовите нема да
добијат 549 милиони евра на има на ТВ права, 88 милиони евра на има на сезонски
билети и 41,4 милиони евра на име на билети кои се купуваат викендот кога се
натпреварите, односно вкупно 678,8 милиони еврa.

Доколку се реши
продолжението од сезоната да се игра зад затворени врати, клубовите од
Премиерлигата ќе загубат 117 милиони евра, односно 78,1 милиони евра од
сезонски билети и 38,8 милиони евра од продажба на билети. Клубовите од Секунада
пак ќе останат покуси за 12,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани