200
Бранителот на
титулата во англиската Премиерлига, Ливерпул синоќа со 3-1 го доби дербито со
Арсенал на домашен терен, и тоа најмногу веројатно поради промашувањата еден на
еден од страна на Александре Лаказет, кој воедно го постигна водечкиот гол за „Топчиите“.
Како и да е, во
третата минута од дербито имаше една контроверзна одлука на Крег Поусон по
потегот на Садио Мане кој со лакт директно во лицето го удри Кјеран Тирни.
Многумина се
согласни во тоа дека Мане за овој потег требаше да биде исклучен уште во
третата минута од дербито, но, наместо тоа доби само опомена со жолт картон.