Засилувањето од 60 милиони се повреди по 20 минути, Гвардиола вели: Добредојде во Англија и судиите!

by bojan
1 минути читање
Гвардиола

Пеп Гвардиола вели дека Нико Гонзалез експресно се запознал со фудбалот во Англија и судиите откако новото засилување на Манчестер Сити се повреди по само 20 минути против Лејтон Ориент.

Нико Гонзалез беше последното засилување за Пеп Гвардиола во зимскиот преоден рок, „граѓаните“ за неговите услуги платија 60 милиони евра.

Шпанецот денеска дебитираше против Лејтон Ориент во ФА Купот, но на теренот издржа едвај 20 минути и поради повреда мораше да биде повлечен од игра.

„Добредојде во Премиерлигата и судиите, веднаш запозна што го чека“ – вели Пеп Гвардиола.

„Знам дека без ВАР им е потешко на судиите, но имаше една или две акции… Го кажувам ова само бидејќи победивме, во спротивно ќе преќутев, но да, имаше и очигледен пенал“.

„Секако, Нико Гонзалез перфектно разбра како е во Англија, и штета што на ваков начин, бидејќи се повреди и во моментов не знам колку е сериозно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани