Сино-јуроп Спортс ќе го комплетира купувањето на Милан во петок, а за во сабота е закажана прес конференција на која ќе бидат презентирани новите сопственици на клубот.
По повеќе од 30 години Силвио Берлускони се повлекува од клубот со што започнува една нова ера за „росоњерите“.
Според „Премиум спорт“, Јонгонг Ли ќе биде новиот претседател на Милан или ќе биде извршен потпретседател во случај Берлускони да остане почесен претседател на клубот.
Новиот борд на директори се очекува да го сочинуваат шест членови од кои тројца ќе бидат Италијанци вклучувајќи го и новиот генерален директор Марко Фасоне, и тројца Кинези.
Прес конференцијата е закажана за околу 11:30 часот во сабота.
Навивачите на Милан очекуваат кинезитe во летниот преоден рок да го одврзат ќесето и значително да го засилат тимот како би се вратиле во трка за најголемите трофеи во Италија и Европа.