Загатка за Баерн: Томас Милер бил позитивен, па негативен, па пак позитивен

by
1 минути читање

Баерн Минхен
вечерва против Тигрес ќе се бори за титулата на Светското клупско првенство а Ханси
Флик ќе биде без услугите на Томас Милер. Напаѓачот е позитивен на ковид-19 и
нема да може да им помогне на своите соиграчи.

Како што пренесува
Билд, Томас Милаер во средата имал позитивен тест, но потоа бил тестиран уште
еднаш и добил негативен тест. За да се решат сите дилеми, фудбалерот бил
тестиран по трет пат, овој тест бил позитивен па ФИФА пресекла и забранила
настап во финалето.

Ваквиот развој на
настаните е загатка за Баерн, никој не знае како Томас Милер се заразил со коронавирус.
Во Катар има строги мерки, играчите на Баерн, лекарскиот тим и тренерскиот
персонал престојуваат во хотел во кој нема други гости и можат да го напуштат луксузниот ресорт само за да одат на тренинг и натпревар. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани