Заедно со Манчини место во Италија добива и Раниери, Капело критикува: Тоа што го направи не се заборава лесно!

by Стефан
1 минути читање

Искусниот стратег Роберто Манчини се враќа на селекторската клупа на Италија откако претходно пропадна договорот со Андреа Пирло.

Информацијата веќе ја потврди претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Џовани Малаго.

„Роберто Манчини е новиот селектор“, изјави Малаго, кој во последниот период се најде под голем притисок.

Со пропаѓањето на договорот на Пирло од функциите само десетина дена по нивното назначување се повлекоа Леонардо и Малдини. Малаго и тука брзо реагираше, па за нов технички директор го избрал Клаудио Раниери.

За изборот на Манчини критики испрати легендарниот Фабио Капело кој смета дека Конте требало да биде новиот селектор.

„Веќе кажав дека мој избор е Антонио Конте, кој заврши одлична работа со репрезентацијата. Добар избор е и Манчини, но тоа што го направи и ја напушти националната селекција само неколку дена пред серијата важни натпревари е премногу голема работа за едноставно да се заборави“, изјави Капело.

Ќе потсетиме, Манчини тогаш замина од клупата на Италија и многу брзо потоа беше назначен за нов предводник на Саудиска Арабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×