За што се дополнителните судии ако не можат да видат ваква глума? (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Шахтар минатата
недела победи со 0-1 на гостувањето во Виго и вчера одлеваше на нападите на
Селта и беше на прагот до осминафинале од Лига Европа.

Но гостите во
завршните мигови од средбата беа вратени во живот откако судиите направија превид.

Тие најпрво не
видоа дека Гуидети направи ситен прекршок кога се ослободи од дефанзивецот на Шахтар
за да се најде очи во очи со домашниот голман, а потоа и одглуми пенал, кој
Аспас го реализираше и го однесе натпреварот во продолженија.

Во додатниот
половина час, Селта погоди уште еднаш и се пласираше во осминафинале.

Со цел да се
намалат судиските грешки и да се подобри квалитетот на арбитражата, УЕФА воведе
и двајца дополнителни судии кои стојат покрај голот.

Тие често се
критикувани и многумина прашуваат које е нивната улога и дали има потреба од нив, и навистина е нејасно како судијата кој стоеше покрај голот не виде дека Гуидети одглуми.

По крајот на
средбата, тренерот на Шахтар, Пауло Фонсека не го криеше разочарувањето.

„Селта е одличен
тим, но вечерва бевме победени од еден друг тим – судиите
– вели Фонсека.

„Она што се случи
е срамно. Ни беше поништен чист гол а потоа Селта доби пенал кој само судијата
го виде
.

„Напаѓачот на
Селта требаше да добие жолт картон за глума и ми се чини дека судијата во еден
момент сакаше да му покаже картон, но потоа реши да покаже на белата точка
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани