Марко Ројс важеше
за еден од најталентираните играчи во својата генерација, се очекуваа големи
работи од офанзивецот, но повредите го спречија да го прикаже најдоброто од
себе.
Германецот е еден
од најмалерозните фудбалери, секоја сезона е во „аут“ по неколку месеци, се
повреди пред СП 2014 и пропушти да биде дел од шампионскиот тим на „панцерите“
во Бразил, а поради повреда го пропушти и Европското првенство во 2016.
Ѕвездата на
Борусија Дортмунд не може глава да крене и оваа сезона. Се повреди на почетокот
од февруари и првичните прогнози велеа дека ќе паузира четири недели. Но
поминаа речиси четири месеци, а нема абер за негово враќање на терените.
Според пишувањата
на Билд, Марко Ројс тренира индивидуално и се уште чувствува болка во десното
стапaло кога ќе шутне топка.
Па тој нема да
биде во комбинација за дербито со лидерот Баерн Минхен следната недела, а големи се шансите и
сезоната да е завршена.