Хулен Лопетеги го
доби првото засилување за новата сезона, се работи за десниот бек Алваро
Одриозола кој стави потпис на шест годишен договор. Реал Мадрид не отрки детали
од зделката, но трансферот ќе чини 40 милиони евра.
За 22 годишниот Шпанец
ова е шлагот на тортата на авантурата која започна во јануари 2017. На крајот
од 2016, тој настапуваше за резервите на Реал Сосиедад во третата лига и доби
повик од првиот тим на стартот од 2017 по серијата повреди на Аноета. Алваро
Одриозола знаеше да ја искористи укажаната шанса и веднаш се наметна во
старниот состав.
Во сезоната
2017/18 беше незаменлив, следеше повик и од репрезентацијата на Шпанија, и со
само два меча за „Црвената фурија“ се најде во составот на Лопетеги кој
отпатува на мундијалот во Русија.
За неговиот
трансфер на Сантијаго Бернабеу се шпекулираше со месеци, и сега откако заврши
настапот на Шпанија на Светското првенство, „Кралевите“ за кратко време го
промовираа Алваро Одриозола во прво засилување за Хулен Лопетеги.