На тој меч Лацио водеше со 1-0, Раниери одлучи од игра да ги повлече легендарните Тоти и Де Роси, а тоа ги изненади сите, Вучиниќ со два гола донесе голема победа на Рома од 2-1.
„Не очекував да победиме бидејќи во првото полувреме ништо не ни одеше, потоа тренерот од игра ги извади Тоти и Де Роси, што беше лудо“, се присеќа Вучиниќ.
„Со тој потег тој практично ја смири и нашата публика, како да немавме веќе ни поддршка од трибините, но тоа беше вистински потег бидејќи победивме“.
„Нема да ви кажам што се случуваше по натпреварот… Славевме и ајде да кажам, не бев премногу пијан“.
„Головите направија да изгледам добро! Моите најблиски пријатели кои се фанови на Лацио не ми зборуваа со денови“.
Таа година Рома во самиот финиш од сезоната ја загуби титулата. Клучен беше мечот против Сампдорија. Имаа водство од 1-0, но беа поразени со 2-1 и Интер го одбрани трофејот а подоцна со освојувањето на ЛШ дојде до тројната круна.
„Тој пораз ќе остане со мене засекогаш. Двапати бев блиску со Рома да го освојам Скудетото и во двата случаи загубивме во последното коло. Жал ми е за сите фанови“.
„Не можам да опишам. Во второто полувреме тие имаа два шута на гол и дадоа два гола“.