„Враќањето на бог“ – Ибрахимовиќ во стил го најави враќањето во селекцијата на Шведска (ФОТО)

by
1 минути читање

Селекторот на
Шведска, Јан Андерсон го соопшти списокот на фудбалери за претстојните
натпревари против Грузија, Косово и Естонија предвидени да се одиграат овој
месец, а првите два меча се во рамките на квалификациите за Светското првенство
во Катар 2022 година.

Тоа што наиде на
изненадување кај пошироката фудбалска јавност е секако повикот за напаѓачот на
Милан, ветеранот Златан Ибрахимовиќ кој се враќа во својата национална
селекција по пауза од пет години.

Враќањето на бог
напиша Ибрахимовиќ на социјалните мрежи, потврдувајќи дека се враќа во својата
репрезентација.

Ибрахимовиќ
дебитираше за Шведска во 2001 година, а одигра 116 натпревари за националниот
состав, постигнувајќи 62 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани