„Воска го чекаше Вардар за да направи скандал, тоа се мизерни игри на мали луѓе“

by Стефан
1 минути читање

Една од темите на денешниот брифинг со новинарите и претседателот Масар Омерагиќ беше и напуштањето на лигата од страна на Воска Спорт и Гостивар, а како што изјави Омерагиќ и двете сценарија биле планирани.

За Воска истакна дека се чекал натпреварот со Вардар за да направат скандал и да ја искористат ситуација како причина да ја наведуваат националната омраза. Кога е Гостивар во прашање истакна дека бил информиран дека тимот планира да го напушти натпреварот, ако има негатива.

„Тоа се мизерни игри на мали луѓе, ние цело време молчевме. Зошто не напуштија во претходното коло кога го победија Гостивар, зошто Гостивар не напушти кога изгуби од Воска во тој натпревар? Секогаш се чекаше Вардар за проблем.

Вие имавте прво натпревар во Охрид без линии, ни беше кажано и дека може уште во 10-та минута да го напуштат теренот. Напуштија на 1-1, нека им е со среќа нивни избор. Соопштението кое го дадоа беше мизерно, тоа го прават мали луѓе. На таа карта се играше од февруари наваму…ние ги имавме тие најави и за Гостивар исто така,  бевме известени дека ако не победат со Работнички ќе заминат“, изјави Омерагиќ.

Двете екипи како што е познато по скандалите се ифрлени во најнизок ранг на натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани