89
По речиси 15 години, Волкот се враќа во Саутемптон.
„Саутемптон со гордост може да соопшти дека Тео Волкот, еден од најславните производи на нашата академија, се врати на Сент Мери“, стои во соопштението на клубот.
Тој доаѓа на едногодишна позајмица од Евертон.
Волкот е најмладиот играч кој дебитирал за првиот тим на Саутемптон, тоа го направи во август 2005 година на само 16 години и 143 дена, следната година во јануари потпиша за Арсенал.
„Веројатно ќе заплачам кога ќе го одиграм првиот меч. Ова ми значи многу. Искрено, презадоволен сум“, изјави Волкот.