Вокер изненади со бројот во Милан, па објасни што се крие зад изборот

by bojan
1 минути читање
Вокер

Кајл Вокер вчера беше потврден за нов фудбалер на Милан, десниот бек реши да го одбере бројот 32 во чест на легендарниот Дејвид Бекам.

„Росонерите“ доцна синоќа го промовираа Кајл Вокер како прво засилување овој месец, десниот бек пристигнува на позајмида од Манчестер Сити со опција летоска во целост да биде купен.

Кајл Вокер изненади со бројот во Милан и во продолжението од сезоната ќе ја носи 32-ката.

„Го одбрав овој број во чест на Дејвид Бекам, тој е икона во нашата земја“ – објасни Англичанецот што се крие зад неговиот избор.

Легендарниот Дејвид Бекам го носеше овој број во двете авантури кои ги имаше во „црвено-црниот“ дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани