Во Вардар за него немаше место, а по дебито за Мариупол се најде во тимот на колото во Украина

by
1 минути читање

Мариупол вчера славеше
на гостувањето кај Зирка во 20 коло од украинската Премиерлига, а нашиот
интернационален бек Бесир Демири го имаше дебито за гостинскиот табор
каде премина во зимскиот јануарски преоден рок од редовите на македонскиот првак
Вардар.

Демири ги одигра сите 90
минути од средбата во Кропивнитскиј, имаше одлично издание и веднаш уште во
своето деби се најде во тимот на колото на најсилната фудбалска лига на
Украина.

Инаку, Демири спогодбено
го раскина договорот со Вардар и потпиша 18-месечен договор со украинскиот
прволигаш.


Извор:
footboom.com

Фото-вест: fczirka.com.ua

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани