223
Гуарини беше плејмејкер и настапуваше во младинскиот состав на Лацио. Според информациите од италијанските медиуми тој загинал на лице место, а двајца негови сопатници се тешко повредени и пренесени во болница.
Гуарини бил возач на автомобилот, Смарт за четири лица, се судриил со Мерцедес А-класа управуван од 68-годишен Италијанец, кокј се здобил со полесни повреди и бил во шок. Морала да интервенира и пожарната за да ги извлечат телата.
Гуерини играше една сезона за младинскиот тим на Лацио, претходно беше во погонот на Торино. Тој беше и италијански репрезентативец на селекциите до 15 и 16 години.