Македонскиот напаѓач Илија Несторовски продолжува со одличните настапи во дресот Славен Белупо, а од хрватскиот клуб сега ја истакнаа неговата добра форма.
Во неделниот натпревар Несторовски на мајсторски начин го постигна својот деветти погодок сезонава со што се искачи на врвот на листата стрелци.
Нестор во досегашниот дел од сезоната одигра 26 натпревари за својот тим, од кои 22 се во рамки на првенството. Во лигата има вкупно осум голови и две асистенции, а со последниот погодок го надмина Гргиќ и стана водечки на Славен Белупо.
Со просечна оценка од 7.21 на „Sofascore“, Несторовски шест пати беше вклучен во идеалниот тим на колото, што само ја потврдува неговата стабилна форма и влијание на играта на својот тим.
„Браво Илија! Со исто темпо продолжи во следните осум дена“, истакнуваа од редовите на Славен.