„Маракана“ ќе
биде преименувана во Пеле, односно целосното име на легендарниот бразилски
фудбалер „Едсон Арантес до Нашименто – Реи Пеле“, а завршницата означува „Кралот
Пеле“.
80 годишниот Пеле
запиша многу настапи на легендарната бразилска фудбалска арена, токму на тој
терен го постигна својот 1000 гол во 1969 година, играјќи во дресот на Сантош
против Васко да Гама.
Досегашното име
на бразилската арена гласеше „Марио Филјо“, по новинарот кој лобирал за целата
таа конструкција во 1940 година, а во однос на новото име сега топката е
префрлена кај гувернерот на Рио кој мора да го даде последниот збор, но има и
одредена поделеност по ова прашање.
Некои сметаат
дека „Марио Филхо“ значи многу поголема чест и гордост за таа област од локален аспект, додека пак други сметаат
дека било какво преименување мора да биде за особа од Рио, а тоа не се
поклопува за идејата со Пеле, кој е роден во Минас Гераис, а повеќе од својот
живот во Бразил го мина во Сао Паоло.