Реал Мадрид
наводно се подготвени да го продадат Рафаел Варан во Манчестер јунајтед на
лето, со тоа што шпанскиот гигант очајно посакува да собере финансиски средства
за да го ангажира Килијан Мбапе од ПСЖ.
Варан веќе влезе
во последните 18 месеци од својот договор со Реал Мадрид, а „Црвените ѓаволи“
од поодамна се поврзуваат со него, а се верува дека на лето ќе му биде
дозволено да си замине доколку клубот добие сериозна понуда за неговите услуги.
„Манчестер Ивнинг
Њуз“ пишува дека во шампионот на Шпанија се песимисти околу иднината на Варан
на „Сантијаго Бернабеу“, односно дека Французинот би останал, па така ќе се
обидат да ја скратат загубата, поточно нема да дозволат да си замине без обештетување.
Се претпоставува
дека во Реал Мадрид би се задоволиле со околу 60 милиони фунти за 27 одишниот
стопер.