65
Британски „StatZone“ направи компарација помеѓу Езгјан Алиоски и репрезентативецот на Полска, а
воедно и член на Хал, Камил Гросицки.
Од тоа што можеме да го
забележиме, Македонецот е речиси рамо до рамо со предводникот на неговиот
следен ривал со кого Лидс ќе ги одмери силите во сабота.
Како за илустрација,
таму каде што популарниот „Џани“ е во огромна предност во однос на полскиот
репрезентативец е во делот за дуелите кои ги добил со своите противници,
Македонецот има 114 добиени дуели, наспроти 41 на Полјакот.
Алиоски со 20 настапи
има 5 погодоци засега, Гросицки со 21 настап 6 пати ја тресеше мрежата на
противниците.