Во пет до 12 поставен нов судија за второто „Ел класико“ на Бернабеу во четири дена

by
1 минути читање

Откако
„каталонците“ синоќа со 0-3 се радуваа на победа на Бернабеу и пласман во
финалето од Копа дел Реј, во сабота ќе имаат ново гостување во Мадрид и ќе ги
одмерат силите со Реал во првенството.

За овој меч, Алехандро
Ернандез Ернандез беше поставен за судија, но во пет до 12 се случи промена.

Фудбалската
федерација на Шпанија (РФЕФ) попладнево соопшти дека правдата на второто „Ел
класико“ во четири дена ќе ја дели Ундијано Маљенко. Причина за ваквиот потег е тоа што Ернандез Ернандез се повредил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани