Во Наполи бесни на судијата: Одлуките беа срамни, му штетат на целиот италијански фудбал!

by
2 минути читање

Јувентус вечерва
со пресврт во вториот дел славеше над Наполи со 3-1 во првиот натпревар од
полуфиналето во Купот на Италија.

Домаќините
постигнаа два гола од пенал, па „Наполитанците“ беа бесни на судијата Валери и
го прекинаа медиумскиот бојкот за да го изразат своето незадоволство.

„Решивме да го
прекинеме бојкотот за да им честитаме на момците за прикажаната игра и да
кажеме дека сме поразени поради одлуки кои не беа само сомнителни, туку и
срамни и на штета на целиот италијански фудбал
– рече по крајот на натпреварот спортскиот директор на
Наполи, Кристијано Џунтоли.

„За првиот пенал,
Дибала самиот изнуди контакт за пенал. Во прв момент помислив дека е пенал, но
откако ги водов повторените снимки го променив мислењето
.

„За вториот
пенал, Рејна прв стигна до топката, потоа не може едноставно да исчезне и
сосема нормално е тоа што имаше контакт
.

„Што е уште
полошо, ова се случи откако нам не ни беше досуден пенал, прекршокот врз Албиол
беше чист
.

„Одлуките на
судијата беа срамни
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани