Во Мадрид повторно бесни: Зошто беше поништен голот на Рајо против Барса?

by Стефан
2 минути читање

Meдиумите во Мадрид вчера по натпреварот помеѓу Барселона и Рајо Ваљекано повторно ги критикуваа шпанските судии.

Во финишот од првото полувреме Рајо постигна гол преку Де Фрутос кој ќе значеше изедначување, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција, иако фудбалерот на гостите не беше во офсајд.

Кога додавањето беше испратено кон Де Фрутос во офсајд беше Нтека и судиите го поништија голот веројатно затоа што сметаа дека тој влијаеше на играта така што го блокираше Иниго Мартинез кој секако тешко ќе стигнеше навреме да изблокира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани