407
Во Мадрид има големо снежно невреме, на стадионот на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“ нема услови за игра. Нивниот натпревар против Атлетик Билбао кој требаше да се игра денеска во 16:15 е одложен.
Новиот термин дополнително ќе биде одреден.
Одложени мечеви има и во шпанската Сегунда. Фудбалерите на Рајо Ваљакано не успеаа да го напуштат Мадрид, па нивниот меч против Мирандес нема да се игра денеска. Одложен е и мечот меѓу Алкоркон и Албасете.