Во Јувентус ја увидоа грешката, во тек се преговори со Дибала за нов договор, Аргентинецот има еден услов

by
1 минути читање

Јувентус и Пауло Дибала водат преговори околу можноста да се продолжи договорот на фудбалерот до јуни 2025. година, а тоа се три дополнителни години, ако се земе во предвид дека актуелниот договор на 26 годишниот Аргентинец истекува во 2022. година.

Сепак, се шпекулира дека Дибала во преговорите има еден услов од финансиски карактер, а тоа е годишна плата од 10 милиони евра, што е за три милиони повеќе во однос на моменталната плата која ја заработува.

„Тутоспорт“ наведува дека Дибала е подготвен да потпише нов договор со италијанскиот првак, а од таму пак веќе ја увиделе грешката за потегот кој го сторија, со тоа што ланското лето го ставија на трансфер листата.

Дибала имаше и преговори со Манчестер јунајтед, Тотнем, како и ПСЖ, меѓутоа на крајот остана во Торино, а воедно се избори и за тоа да си го врати местото во тимот.

Сезонава, Дибала постигна 11 погодоци, како и исто толку асистенции во 28 настапи во сите конкуренции за „Старата дама“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×