Во Ајакс жалат, останаа со празни раце откако Мино Рајола им го однесе големиот талент во РБ Лајпциг

by
1 минути читање

Ајакс имаше големи очекувања од Брајан Броби, во него гледаа идна ѕвезда но на крајот останаа со празни раце. 19 годишното момче одби неколку понуди за нов договор и беспари се пресели во РБ Лајпциг.

Зад зделката стои Мино Рајола кој на напаѓачот му обезбедил годишна плата од 3 милиони евра, додека Ајакс нудел плата од 1 милион евра, која со бонуси може да скокне до 1,5 милиони евра.

Се очекува Брајан Броби да добие и премија од „биковите“ со оглед на тоа дека доаѓа беспари, а сигурно и Мино Рајола ќе добие убава провизија.

„Уништен сум. Жалам за заминувањето на Броби, имавме големи очекувања од него, сакавме да остане, да продолжи, имавме амбициозен проект за него, исто како и за Рајан Гравенберх“ – вели спортскиот директор Марк Овермарс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани