Во 2020 година ги спречи короната – сега ќе има спектакл во Ливерпул кој ќе се памети!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Ливерпул официјално соопшти дека парадата по повод освојувањето на титулата во Премиер лигата ќе се одржи на 26 мај.

Автобус со играчите и стручниот штаб, кои ја донесоа историската 20. титула во клупската историја, ќе помине низ најпознатите делови на градот. Овојпат, навивачите конечно ќе добијат шанса да слават како што доликува, откако во 2020 година, поради пандемијата на коронавирусот, ваква прослава изостана.

Според првичните проценки, повеќе од 1.500.000 луѓе се очекуваат на улиците на Ливерпул за да го поздрават новиот шампион на Англија.

Од клубот најавуваат дека целата церемонија ќе трае помеѓу три и пет часа, а се очекува градот да биде обоен во црвено со спектакуларна атмосфера која ќе се памети долго.

Фото: Liverpool FC/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани