Заврши сезоната во Втората македонска фудбалска лига, а Брегалница и официјално обезбеди враќање во елитното друштво откако во последното коло убедливо ја декласира Победа со 7-0. Штипјани со овој триумф го потврдија првото место на табелата, благодарение на подобриот меѓусебен учинок од Скопје, тим кој исто така славеше сигурна победа против Детонит Плачковица со 5-1.
Тимот од Арачиново ја завери третата позиција со триумф од 2-4 на гостувањето кај Каменица Саса, па така без значење остана убедливата победа на Охрид од 7-1 против Слога Виница.
Скопје и Шкендија Арачиново сега ќе имаат шанса преку баражите да стигнат до Првата лига.
Од Втората лига испаѓаат Вардар Неготино, Преспа, Слога Виница, Победа и Големо Коњари, кои следната сезона ќе се натпреваруваат во Третата лига, а бараж за опстанок ќе играат Кожуф, Тетекс и Саса
Резултати од последното коло:
Брегалница – Победа 7-0
Каменица Саса – Шкендија Арачиново 2-4
Скопје – Детонит Плачковица 5-1
Преспа – Беласица 0-2
Охрид – Слога Виница 7-1
Новаци – Осогово 3-3
Тетекс – Големо Коњари 6-0
Вардар Неготино – Кожуф 0-5