Влаховиќ му донесе три големи бода на Јувентус! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Со гол на Душан Влаховиќ во 12. секунда од натпреварот, Јувентус со 1-0 победи на гостувањето кај Лече и се качи на третото место во Серија А.

Јувентус тргна од центарот и во истата акција Влаховиќ даде гол. Тоа беше најбрзо гол за Старата Дама во Серија А и трет најбрз воопшто во лигата.

До крајот на натпреварот Јувентус постигна уште два гола, но ВАР му ги поништи и двата. Сепак тимот на Спалети дојде до победата.

Сега Јувентус има 68 бодови на третото место, Милан со 67 падна на четвртата позиција, но тие утре го играат дуелот од ова коло, домаќини се на Аталанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×