Винисиус Жуниор е подготвен на финансиска жртва за да остане во Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Атлетик, Винисиус Жуниор е подготвен да направи финансиски отстапки само за да ја продолжи соработката со „кралевите“.

Винисиус Жуниор ги одработува последните 12 месеци од договорот со Реал Мадрид и изминатиов период имаше многу гласини за неговата иднина.

Вчера се појавија информации кои велеа дека „кралевите“ му поставиле ултиматум, или да ја прифати понудата која ја има на маса, или ќе биде продаден до крајот на летниот преоден рок.

Неколку часа подоцна пак почнаа да кружат гласини дека Бразилецот веќе се договорил со Арсенал.

Но како што пренесува Атлетик, Реал Мадрид и Винисиус наскоро ќе ги обноват преговорите и ќе се обидат да ги надминат разликите.

И не само тоа, напаѓачот е подготвен на значајни финансиски отстапки само за да ја продолжи соработката со „кралевите“.

Атлетик додава дека Арсенал внимателно ја следи ситуацијата, и веднаш ќе реагира доколку пропаднат преговорите на популарниот Вини со Реал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×