Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор вели дека само тој знае низ се што поминал за да стигне до врвот, па не дозволува никој да му кажува како да се однесува.
Винисиус Жуниор синоќа беше прогласен за Најдобар фудбалер во 2024 во изборот на ФИФА и наградите „Д Бест“.
По крајот на церемонијата, Бразилецот испрати силна порака на социјалните мрежи, имаше што да им кажа на оние кои го критикуваа во последно време и го советуваа дека треба да го промени однесувањето на фудбалските терени.
„Пишувам до момчето кое виде толку многу идоли како го креваат овој трофеј… неговото време пристигна. Или поточно, пристигна моето време. Време е да кажам… ДА, јас сум најдобриот играч во светот и напорно се борев за тоа“ – гласи постот.
„Се обидоа да ме поништат, се обидоа да ме омаловажат, но не се подготвени за мене. Никој нема да ми каже за кого треба да се борам и како треба да се однесувам. Кога растев во Сао Гонсало, системот не се грижеше за мене, за малку ќе бев проголтан од системот“.
„Победив за себе, за моето семејство. Тоа го направив со огромна поддршка: Фламенго, Реал Мадрид, репрезентацијата на Бразил, моите стотици соигрaчи низ годините… луѓето кои ме придружуваат секој ден, оние кои ми се восхитуваат“.
На крајот од пораката стоеше фразата: Најдобриот фудбалер во светот. 7“