Винисиус би можел да биде испратен на позајмица?!

by
2 минути читање

Во Реал Мадрид
постои сериозна дискусија околу прашањето со Винисиус Жуниор, и тоа поради
дилемата која владее во клубот на две релации за тоа колку младиот Бразилец е
корисен за големи резултати.

На едната страна
е претседателот на клубот Флорентино Перез, на другата пак шефот на стручниот
штаб Зинедин Зидан, кој наводно се сомнева во 18 годишниот фудбалер, а од
спротивната страна пак постои голема убеденост дека Винисиус игра важна улога
во тимот, пишува „Сан“.

Тоа значи дека во
текот на дискусиите кои течат во клубот на повисоко ниво за идните потези во подготовките
за идната сезона, не се исклучува можноста Бразилецот да биде испратен на
позајмица.

Се шпекулира дека
Рајо Валјекано, Валјадолид, Бетис, Реал Сосиедад, Легањес, Џирона и Еспањол се
екипите кои се заинтересирани да го доведат Винисиус во својот тим на
позајмица, постои и интерес вон Примера, и тоа од Нант и Удинезе.

Сомнежите околу
Винисиус настанаа по неговото враќање од повреда, откако офанзивецот беше
изоставен од страна на Зидан веднаш откако му беше дадено зелено светло за да
се врати на терените на 21. април.

Винисиус исто
така не партиципираше во натпреварите против Гетафе и Рајо Валјекано иако
претходно беше стандарден, а како резултат на тоа, го загуби местото во
националниот состав на Бразил за учество во Копа Америка, и покрај тоа што
првата ѕвезда на тимот Нејмар се здоби со повреда.

Перез наводно ја
отфрла можноста да го пушти на позајмица Бразилецот, меѓутоа би можел да
попушти во тоа прашање доколку Зидан одбива да му укажува посериозна шанса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани