Леванте ја врати неизвесноста во трката за титулата во Шпанија, Барса и Реал Мадрид се надеваа на додатна услуга од Виљареал, но избраниците на Симеоне вечерва стигнаа до три бода и покрај тоа што не одиграа на потребното ниво.
„Жолтата подморница“ го имаше поседот на топката, речиси двојно повеќе додавања од противникот, три пати повеќе удари, во корнери беше 10-2 но во најзначајната статистичка категорија, „колчонероси“ имаа 0-2.
Атлетико поведе со автоголот на Алфонсо Педраза во 25. минута за толку посакуваната победа да ја осигура Жоао Феликс со прецизен шут од врвот на шеснаесетникот во 69. минута.
„Колчонероси“ сега имаат +5 во однос на Барселона, но и натпревар помалку, и +6 во однос на Реал Мадрид, кој има ист број на натпревари.