Вилијан Жозе синоќа
беше најавен како ново засилување на Тотнем, Бразилецот ќе треба да го
надополнува местото на повреденито Хари Кејн, кој четири месеци ќе паузира и за
него сезоната практично е завршена.
Според пишувањата
на медиумите од Шпанија, Вилијан Жозе прави се што може за да се пресели во
Лондон и притиска за трансфер бидејќи ја има понудата на животот и три пати
поголема плата од онаа која ја заработува во моментов (2 милиони евра нето годишно).
Но првичната
понуда на Тотнем до Реал Сосиедад била смешна и неприфатлива, на маса биле
ставени само 15 милиони евра. Додатен проблем е тоа што на клубот од Сан Себастијан
му следуваат 70% од оваа сума, односно 10,5 милиони евра, додека останатите 30%
се за агентот и инвестициски фонд.
Преговорите
продолжуваат и се очекува двата клуба да пронајдат договор во следните денови.