По минималниот
пораз на гостувањето кај Олимпијакос во првото коло, синоќа во второто Олимпик
Марсеј загуби убедливо со 0-3 на свој терен од Манчестер Сити, а со тоа
францускиот прволигаш испиша не баш позитивна страна во својата историја.
Олимпик Марсеј по
поразот од „Граѓаните“ го запиша вкупно 11тиот во серија во натпреварите од
Лигата на шампионите, а Јунес Еш и Андерлехт се единствените екипи кои досега
имаат повеќе порази во серија во историјата на ова елитно европско клупско
првенство.
Како што се
очекуваше, избраниците на Пеп Гвардиола првично доминираа во поседот на
топката, кој го искористија да додадат и победа од ова гостување, од друга
страна, домаќините беа ограничени на само два обида кон голот во сите 90 минути
игра, а тренерот Андре Вилаш-Боаш се правдаше за својата одлука да игра со
тројца во дефанзивната линија, наведувајќи дека неговиот клуб нема ниво на
инвестиции како оние на Манчестер Сити.
„Видете, кога се
обидов да сторам нешто сосема различно против тим од вакво ниво, како на пример
ПСЖ, загубивме 4-0 и вие ме масакриравте, сметам дека сите одлуки кои ги носам
за вас се лоши“ рече Вилаш-Боаш.
„Вие говорите за
системи, високи блокови, ниски блокови, но, претерувате, Манчестер Сити си е
Манчестер Сити, потрошија милијарда во пет години, тоа е тим кој игра одлично,
имаат тренер ко е феномен, кој секогаш игра со посед на топка со екипи како
Баерн Минхен, Барселона, а сега и Манчестер Сити“ додаде Португалецот.
„За жал, Олимпик
Марсеј нема доволно пари да го доведе Гвардиола тука, а доколку го имате
Гвардиола еден ден, ќе имате тим кој сигурно ќе го поседува сето тоа кое јас го
наведов, за жал го имате пред вас Андре Вилаш-Боаш и неговите тактики, кој
секогаш го дава најдоброто од себе за доброто на клубот“ заклучи шефот на
стручниот штаб на Олимпик Марсеј.