Виеира го доби својот најголем тренерски испит засега

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер на Арсенал, Патрик Виеира иако подолг период беше поврзуван со клупата
на Арсенал, односно, да го замени Арсен Венгер, до тоа не дојде а постоеа
шпекулации кои велеа дека тој бил доста разочаран што англискиот клуб не му
укажал таква шанса.

Виеира веројатно
го добива својот најголем тренерски испит, откако денес и официјално го презеде
кормилото на францускиот прволигаш Ница, а доаѓа од Њујорк Сити каде беше
тренер две сезони.

41 годишниот
Виеира на клупата на Ница доаѓа на местото на Лусијен Фавре кој го презеде
кормилото на Борусија Дортмунд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани